РЕКОРД ВО ТУРЦИЈА: Има 44.756 заразени за едно деноноќие
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Април, 2021
Турција регистрираше рекорден број новозаболени од коронавирусот од почетокот на пандемијата.
Земјата има 44.756 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата. Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.
Бројот на заразени се зголемува откако турската влада ги ублажи мерките за сузбивање на пандемијата во март, па затоа во последните пет дена беа поставени нови црни рекорди. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави заострување на мерките, вклучително и враќање на целосното заклучување на земјата за време на викендот кога започнува постот на Рамазан на 13 април.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.