Рекорден скок на населението на Германија
Објавено во: Свет 24 Септември, 2015 13:34
Диктирано од зголемениот број на новодојдените странци населението на Германија се зголеми за 430 илјади до 81,2 милиони луѓе во 2014 година - најголемо регистрирано зголемување од 1992 година. Податоците се претставени од германската служба за статистика, пренесе Ројтерс.
Германското јавно мислење е разединетo во однос на зголемениот број имигранти, бидејќи некои топло ги поздравија избеганите луѓе од конфликтите на Блискиот Исток и Африка, а други се загрижени како лесно новодојденците можат да бидат интегрирани.
Според бизнисот и владата миграцијата може да помогне против негативните ефекти од постарото население и да го стимулира германскиот пазар на труд.
Вкупно 7,5 милиони странци живеат во најнаселената држава во Европа, покажуваат податоците од 2014 година. Странци биле 9,3% од вкупното население на Германија кон крајот на 2014 година. Во 2013 година беа 8,7%.
Овие бројки не ги одразуваат овогодинешниот рекорден прилив на бегалци и имигранти. Берлин очекува да пристигнат 800 илјади луѓе до крајот на 2015 година и до сега се одобрени речиси 40% од сите поднесени барања за азил во тековната година.
Според институтот IAB невработеноста може да се зголеми следната година поради големиот број бегалци.
За последен пат Германија усвои толку многу странци во 1992 година, кога голем број бегалци избегаа од конфликтите во поранешна Југославија.
Истражувања покажуваат дека населението на Германија ќе се стопи до 73,1 милиони луѓе до 2060 година и покрај високите нивоа на имиграција што ќе биде предизвикано од стареењето на населението и ниска стапка на наталитет.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




