РЕКОРДЕРИ ВО ХРВАТСКА СО МНОГУДЕТНИ СЕМЕЈСТВА: Град нуди 10.000 евра за трето дете
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2024 12:17
Град во Хрватска дава дури 10.000 евра додаток за трето дете.
Новска е доказ дека индивидуалните финансиски стимулации можат да влијаат на зголемувањето на бројот на деца. Во државата овој град е рекордер со семејствата со најмалку три деца.
Инаку, рекордер меѓу градовите во Хрватска за прво дете е Оточац, кој дава 1.990 евра, додека за второто дете најмногу издвојува Имотски, 2.654 евра.
Копривница, Крижевци и Ѓурѓевац делат значителни средства од буџетот додека растат децата. Сепак, сите знаеме како размислува „народот“, а кога ќе видат 10.000 евра помош за трето дете, популизмот во двојна смисла брзо станува многу прифатлив, пренесува еподравина.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




