02 Мај, 2024
0.0270

Рекордна добивка на Групацијата Триглав

Објавено во: Балкан 30 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав, како и Заваровалница Триглав објавија повисока добивка за 2012 година во споредба со 2011 година. Нето добивката на Групацијата Триглав во 2012 година изнесуваше 73,2 милиони евра и е 54% повисока отколку во 2011 година, додека нето добивката на матичната компанија изнесуваше вкупно 50,4 милиони евра и е 15% повисока отколку претходната година, беше презентирано на  редовната трета седница каде се дискутираше за Ревизорскиот годишен извештај на двете компании.Сепак одлуката за одобрување на двата годишни извештаи, надзорниот одбор ќе ја донесе по нивната проверка. Приносот на капитал на Групацијата Триглав, како и на Заваровалница Триглав во 2012 година повторно беше повисок од очекуваниот. Приносот на ниво на групацијата беше 13,8% или 4,2 процентни поени повисок во споредба со 2011 година што е уште повеќе од целното ниво на поврат на капитал за 2015 година (т.е. 12%). Само во Заваровалница Триглав приносот на капитал е подобрен за 1,1 процентен поен на 10,7% и беше поблиску до целното ниво отколку во 2011 година. Во 2012 година Групацијата Триглав реализира вкупно 936,3 милиони евра во осигурителни и коосигурителни премии (5% помалку отколку во 2011 година), од кои матичната компанија наплати 647,6 милиони евра (индекс 93). Порастот на добивката главно се должи на добрите резултати од работењето во основната дејност на осигурување што се покажува преку подобрениот комбиниран количник. Комбинираниот количник, што е мерка за профитабилност во основната осигурителна дејност е подобрен во текот на 2011 година на 89,6% на ниво на Групацијата Триглав (наспроти 90,1% во 2011 година) и на 81,4% на ниво на Заваровалница Триглав (наспроти 83% во 2011 година). „Неколку фактори влијаеја врз намалувањето на вкупните полисирани премии: намалената побарувачка за одредени осигурителни производи, нови случаи на стечај на одредени друштва, пониската куповна моќ на домаќинствата, повисоката стапка на невработеност, намаленото банкарско позајмување, мерките за одржување лојални клиенти преку нова програма за лојалност на клиентите, повторното одредување на цените со цел да се одговори на конкуренцијата, како и мерките за подобрување на техничките резултати во областа на осигурувањето во поединечни класи на неживотно осигурување. Зголемената конкурентност на пазарот на моторни возила резултираше со приспособување на роковите и условите и со намалување на обемот на полисирани премии за автомобилско осигурување. Оваа премија беше под дополнителен притисок поради селекцијата на системско осигурително портфолио и интензивните мерки за олеснување на послабите технички резултати во областа на неживотното осигурување што придонесе за подобрување на квотата на штети“, соопштуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“