19 Декември, 2025
0.0470

Ременски го повикува Ставрески да ја одблокира исплатата на парите за социјална помош

Објавено во: Економија 25 Април, 2016 16:41

Добивај вести на Viber

Контрирања меѓу министерката за труд и социјална политика и Министерството за финансии.

Ременски тврди едно, Ставрески демантира. Кој ја кочи исплатата на парите за породилно, социјална помош, родителски дотаток и други трансфери?

„И покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата и обврски кон граѓаните и други субјекти, од средината на март во трезорот во министерството за финансии стојат нереализирани исплати кон граѓаните за породилно отсуство во висина од 195.069.448 денари, цивилна инвалидност 6.517.066 денари, мобилност и слепило 59.676.000 денари, постојана парична помош 30.132.282 денари, сместување во згрижувачко семејство 3.313.027 денари, парична помош за студирање 4.026.311 денари, детски додаток 10.291.042 денари, еднократна парична помош за новороденче 3.562.070 денари, родителски додаток за трето дете 207.723.161 денар, родителски додаток за четврто дете 11.729.412 денари, посебен додаток 35.783.890 денари, или за правата од социјална и детска заштита за месец март, вкупно 375.051.571 денар.

Во трезорот стојат неисплатени и сретствата за заштитните друштва кои вработуваат инвалидизирани лица во висина од 64.402.617 денари, средства за здраствено осигурување 8.689.231 денар, средствата за бањите кои даваа услуги за бањско- климатска рекреација на пензионерите во висина од 10.755.522 денари, паричната помош за граѓаните за опожарени куќи или за лекување од висина од 240.000 денари и дурги, или вкупно неисплатени близу 12.000.000 евра“, изјави министерката Ременски.

Таа го повика министерот Ставрески да ја одблокира исплатата на неисплатените права на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливите категории на граѓани на кои овие сретства, можеби им се единствени месечни примања.

Министерството за финансии пак тврди друго.

Од оваа институција велат дека налозите за социјални надоместоци и другите категории за кои Ременска тврди дека се доцни еден месец со исплата, ги има доставено во Трезорот дури петокот минатата недела.

„Тхничката министерка која се жали дека доцни исплатата од Трезорот, задоцнила со доставување на налозите за исплата. Веќе денеска сите се пуштени за исплата, освен оние кои се со технички грешки и кои се вратени на Труд и социјала на исправка.

Значи редовно се сервисираат налозите од Труд и социјала, како и сите други налози, не доцнат месец дена со исплата како што тврди техничката, бидејќи потсетуваме дека станува збор за мартовски надоместоци кои се исплаќаат во април“, реагираат од финансии.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар