Ременски поднесе три кривични за злоупотреби на Спасов, веднаш и ги возвратија
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016 18:40
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски поднесе три кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата поради отстапените автомобили од Агенцијата за вработување. „Туарегот“ автомобил во сопственост на Агенцијата беше користен од дополнителниот заменик министер за социјала Диме Спасов кога претходниот месец доцна навечер предизвика две сообраќајки и избега. Спасов тврдеше дека бил жртва на криминално-полициска хајка. Кривичните пријави од Ременски се за неколкумина вработени во институциите.
„За директорот на агенцијата за вработување, дополнителниот заменик министер, лицата коишто против правно задолжиле возила коишто се во сопственост на друга институција и други лица коишто учесвтувале во целокупната организација на вака неорганизирана и незаконска работа“, изјави Фросина Ташевска Ременски, министер за труд и социјална работа.
Очигледно ниту Диме Спасов, Влатко Поповски и останатите посочени нема да останат покуси и веднаш најавија возвраќање на кривичните пријави против Ременски за лажно за која смета дека неосновано го клевети бидејќи автомобилите биле користени според законска основа.
„Ова е очекувано за мене и ќе возвратам соодветно на кривичната пријава со кривична пријава“, изјави за 24 Вести директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски. Претходно, МВР на Диме Спасов му поднесе три прекршочни пријави по Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Досега Ременски и Спасов си поднесоа повеќе кривични пријави за работењето во министерството за социјала.
- Немајќи резултати во својата работа, на Ташевска Ременски и остана само да измислува афери. Но секако граѓаните ќе ја паметат како најдеструктивен министер кој кочеше проекти во интерес на граѓаните и спроведуваше тортура врз вработените. Токму поради тоа против нејзе се поднесени 2 кривични пријави, 20 тужби и 2 прекршочни пријави за незаконско работење и злоупотреба на службена должност и направени прекршоци.
- Во однос на денес изречените навреди и клевети ќе и биде поднесена тужба како и кривична пријава за лажно пријавување како и за сокривање на документација во министерството за труд и социјална политика, стои во реакцијата по пресот на Ременски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




