22 Февруари, 2024
0.1285

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

Објавено во: Економија 08 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол“ и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово.

Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален изглед, која што ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди.

На обновената бензинска станица во Тетово се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Новата генерација на овие горива е базирана на технологијата Dual Action, а на бензинската се достапни тие со 95 и 100 октани, дизелот, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Исто така, во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Kако најголем дистрибутер на горива во земјата, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици. Преку овие инвестиции компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти, а тоа ја потврдува посветеноста на задоволување на потребите на потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

Поранешен раководител на државната лотарија стана сопственик на автомат клубови

Поранешен раководител на државната лотарија стана сопственик на автомат клубови

Кина објави суфицит на тековната сметка во 2023 година

Кина објави суфицит на тековната сметка во 2023 година

Кој се ќе го гланца МВР три години за 6 милиони евра?

Кој се ќе го гланца МВР три години за 6 милиони евра?

ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска

ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска

БЕЗОС ПРОДАДЕ УШТЕ 2,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО АКЦИИ НА АМАЗОН: Донесе одлука да се пресели

БЕЗОС ПРОДАДЕ УШТЕ 2,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО АКЦИИ НА АМАЗОН: Донесе одлука да се пресели

ПАЗАР НА ВАЛУТИ: Kурсот на јенот се намали за 0,03 отсто во однос на доларот

ПАЗАР НА ВАЛУТИ: Kурсот на јенот се намали за 0,03 отсто во однос на доларот

Генерали Инвестментс: Приходот на Nvidia се очекува да се зголеми повеќе од тројно

Генерали Инвестментс: Приходот на Nvidia се очекува да се зголеми повеќе од тројно

СВЕТОТ Е ПРЕД НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве каква врска имаат нападите со беспилотни летала на Украина врз Русија со тоа

СВЕТОТ Е ПРЕД НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве каква врска имаат нападите со беспилотни летала на Украина врз Русија со тоа

Велешанката која фати тендери од 8 милиони евра била вработена службеничка во „Пошта“

Велешанката која фати тендери од 8 милиони евра била вработена службеничка во „Пошта“