„Реплек“ со раст на приходите од 18 отсто во првите девет месеци од годинава и со нова потврда за високите производни стандарди
Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2025 10:03
Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија.
Приходите на „Реплек“ остварени во периодот од 1 јануари заклучно со 30 септември годинава изнесуваат 26 милиони евра, што е раст од 18 % во однос на истиот период лани, потврдувајќи ја одржливоста на деловниот модел на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 6,25 милиони евра, додека од странските пазари се остварени 19,74 милиони евра. Ваквата структура на приходи од 75 % остварени од извоз и 25 % реализирани на домашниот пазар, говори дека компанијата останува доследна на стратегијата на балансирана географска распределба.
„Овие резултати се јасен показател дека нашата стратегија за одржлив раст, иновации и силно присуство на странските пазари дава резултати. Нашата компанија континуирано вложува во иновации, дигитализација, лансирање нови производи и проширување на пласманите, со цел да обезбеди повисок квалитет, поголема ефикасност и уште поголема сигурност и доверба од нашите деловни партнери, како и од пациентите.Со воведувањето нови технолошки решенија и со проширувањето на производствените капацитети го зајакнуваме нашето позиционирање како силна фармацевтска компанија која ги следи највисоките стандарди на усогласеност и квалитет. Реплек останува посветен на долгорочен развој што создава вредност, како за акционерите и вработените, така и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Стратешки инвестиции и трансформација
Вложувањата во модернизација, дигитализација и во проширување на пазарите се стратешки проекти кои ја зајакнуваат стабилноста и конкурентската предност. Една од тие инвестиции е преминувањето на SAP S/4HANA, од 1 октомври годинава, што обезбедува поголема транспарентност, усогласеност и конкурентска предност, како и неодамнешното пуштање во употреба на новата високо-технолошка линија за серијализација и пакување. Исто така, „Реплек“ на почетокот на годинава отвори претставништва во Босна и Херцеговина и во Србија, а овие два пазари веќе го потврдија својот потенцијал и успешно ги реализираа своите први продажби.
Ново меѓународно признание – успешно издадени EAEU GMP сертификати
Минатиот месец „Реплек“ доби уште едно значајно двојно меѓународно признание, односно беа успешно издадени два EAEU GMP сертификати. Тие се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите на добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати не се само административен документ, туку и сведоштво за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција.Ваквите сертификати се всушност единствен сет на правила за фармацевтските производители во земјите членки на Евроазиската економска унија, кои гарантираат дека лековите се произведуваат според највисоки стандарди за квалитет. Тие креираат дополнителни можности за пласман на производите на Реплек на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија, а истовремено се потврда на мисијата на „Реплек“ да обезбеди безбедни, квалитетни и ефикасни лекови, достапни за пациентите на глобално ниво.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





