16 Јануари, 2025
0.0342

Ресенскиот водовод целосно ќе се реконструира со нови 200 илјади долари

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Околу 200.000 американски долари се обезбедени за реконструкција на водоводната мрежа во Ресен преку Проектот за заштита на Преспанското езеро, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Овие средства ќе помогнат целосно да се комплетира реконструкцијата на водоводната мрежа финансирана со средства од Европската банка за инвестиции во вредност од 600.000 евра.

„Овој проект, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), е од исклучителна важност за жителите и за општината, бидејќи повеќе нема да се соочуваат со чести дефекти на мрежата и прекин на водоснабдувањето“, изјави постојаниот претставник на УНДП во земјата, Лујза Винтон. „Старите азбестни цевки ќе бидат заменети со нови, направени од материјал кој ги исполнува современите стандарди за здравствена заштита“.

Ваква темелна и целосна обнова на водоводната мрежа не е направена уште од 70-тите години на минатиот век.  

„Со замена на водоводните цевки со вкупна должина од пет километри,  загубите на вода ќе бидат сведени на минимум и ќе се зголемат приходите на јавното водостопанско претпријатие „Пролетер“. Со тоа ќе се подобрат комуналните услуги за жителите на Ресен, а претпријатието ќе може подобро да се справува со отпадот и со отпадните води“, рече градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Интервенцијата целосно се вклопува во филозофијата на интегриран менаџмент на сливовите на водите кој веќе се спроведува во пракса во регионот на Преспа благодарение на децениските заложби на сите партнери во постигнувањето на целите за одржлив развој на овој регион. Резултатите од напорите за реставрација на екосистемот се воочливи и тоа го прави проектот за Преспа еден од ретко успешните, не само во земјата, туку и во поширокиот регион.

Покрај социјалната, економската и еколошката димензија на ова аинвестиција, оптимизираната употреба на вода ќе придонесе и за поголема отпорност на општината од климатските помени. 


Можеби ќе ве интересира

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина