20 Декември, 2025
0.0474

Решавачка средба за судбината на Грција

Објавено во: Балкан 11 Јули, 2015 19:32

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии од еврозоната заседаваат на вонредна средба во Брисел. Тие треба да одлучат дали предложените од Грција реформи се доволни за нова спасувачка програма, кои инаку Грција ќе ги преземе кон излезот од единствената валута. Вкупната вредност на спасувачкиот план изнесува импресивни 74 милијарди евра.

Шансите на Грција во моментот се 50 на 50 според извори од ЕК, кој побарал анонимност. Претседателот на Еврогрупата најави дека има многу критики кон грчките предлози, но најпресуден проблем е довербата - ќе ги исполни ли Грција новите ветувања.

Предлозите за укинување на даноците и намалување на трошоците наспроти нов милијардски долг до 2018 година ќе се последна шанса за останување на Грција во Еврозоната.

"Проблемот е дека довербата и надежите од последните години беа уништени за многу кратко време. Преговорите ќе се исклучително тешки, бидејќи видовме референдум, каде големо мнозинство рече „НЕ“ на нашите услови, а сега ни го нудат токму спротивното ", изјави министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле.

"Многу влади имаат сериозни сомнежи во врска со решителноста и можностите на грчката влада да ги направи овие реформи", коментира државниот секретар за финансии на Холандија Ерик Вибес.

Пред состанокот во Брисел, директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард звучеше оптимистички:

"Тука сме за да постигнеме голем напредок."

Решението треба да дојде утре по самитот прво на Еврозоната, а потоа и на лидерите на 28-те од заедницата.

"Тројката кредитори сметаат дека предлозите за реформи на Грција можат да бидат основа за нова спасувачка програма", рече комесарот за економски прашања, Пјер Московичи. Клучот за конечната одлука за Грција ја држи Германија. Таа е најголемиот доверител, а во моментот Берлин е прилично студен кон предлозите на Атина.

Франција и Италија, другите двајца големи кредитори, се со поголема веројатност да ги поддржат предлозите на Ципрас. Дури и при договор сепак, договорот треба да биде одобрен од најмалку осум парламенти на држави од еврозоната, која ќе трае со недели.

Она што грчката влада сега им го нуди на доверителите, исклучително многу наликува на пакетот реформи кој грчките гласачи со мнозинство од 61 проценти го отфрлија на референдумот на 5 јули.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација