Добивај вести на Viber
Во Лос Анџелес се отвори ресторан во кој клиентите се хранат од тоалет- чинии, концепт донесен од Азија , објави АФП .
И самиот ресторанот се вика „Магичен тоалет " . Посетителите седат на тоалетни школки, а и масите се со истата форма. Човек би се зачуди кога би посетил сличен ресторан , но официјалното отворање на крајот на минатата недела беше спектакуларен успех .
„ Во текот на викендот имавме страшно многу клиенти. Немаше места за сите и некои чекаа во холот " , вели келнерот Даниел Чун .
Идејата е од Тајван, а храната која се сервира е типична тајванската, како што се тестенините со говедско . Тоалет темата е присутна и во менито , во кое се забележуваат јадења инспирирани повторно од тоалетот.
Сепак клиентите се фасцинирани од оригиналноста , храната и услугата, пренесуваат дел од медиумите во САД.
„Го служат мојот пилешко во „уринатор“ и ракчиња со ориз во минијатурна тоалетот- чинија . Глупаво е , но штосно. Исто така и храната е супер ", изјави Дениз Елиас , клиентка во ресоранот .
Сепак „Вашингтон пост " и други весници се поиграа „Магичниот тоалет " .
„Името е одвратно. За останатото - да не ги спомнуваме !" , напиша Силија Утавара од ЛА .