Ресторанот кај што правевме свадба не постои, ама ние си тераме: Андријана Јаневска и Гино прославија 14 години во брак
Објавено во: Стил 19 Јуни, 2024
Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска, на својот профил на Фејсбук се потсети како изгледале со сопругот Гино пред 14 години. Имено токму вчера тие прославија годишнина од брак.
Од хармоничниот брак со музичарот, Андријана ги има синовите Димитар и Кристијан. Поголемата разлика во годините (Гино е 14 години постар од Андријана) се покажала како предност во нивниот живот.
На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме - напиша Андријана за свадбените фотографии.
Имаат многу заеднички интереси. Работат во музичкото студио „Гиновски“, каде улогите им се поделени, имаат сличен вкус за музика, филмови и книги. Двајцата се родољуби кои ја сакаат Македонија. Љубители се на природата и животните.
Целиот текст на Женски магазин.