05 Декември, 2025
0.0394

Рестриктивен буџет во Португалија

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012 09:47

Добивај вести на Viber

Витор Гаспар, министерот за финансии на Португалија, потврди дека просечната стапка на данок во земјата ќе се зголеми од 9,8% колку што изнесува сега на 13,2% во следната година. Според него, буџетот е единствениот начин земјата да ги исполни своите цели во рамките на помошта што ја доби од ЕУ. Португалија доби 78 милијарди евра помош за покривање на долгот. Најавено е и намалување на трошоците во вредност од 2.7 милијарди евра за следната година, што ќе резултира со откази за 2% вработени од јавниот сектор. Министерот пред пратениците изјави дека буџетот ќе им овозможи на Португалија да го намали својот буџетски дефицит до 4,5% во 2013 година, така да до крајот на следната година мора да добие дефицит од  3% од БДП. Оваа земја веќе подолг период се соочува со најлошата рецесија од 1970, со стапка на невработеност од над 15%, а се предвидува таа да се зголеми на 16,4% следната година. Од 2013 ќе се воведе и еднократен данок на добивка од 4% за сите работници, а капитални добивки ќе се зголемат од 25% до 28%. Новата состојба на буџетот ги налути португалците, околу 2.000 демонстранти се собраа пред парламентот за да побараат оставка на владата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања