Добивај вести на Viber
Благодарение на чистите и отворени одводни канали кои изминатиов период континуирано се чистеа во соработка со ЈП Водостопанство „Скопско Поле”, општина Илинден ги избегна поплавите.
Како што стои во соопштението од Општината, каналската мрежа во должина од 120 километри функционирала одлично, а само лани со рачно и машинско чистење биле опфатени 23 километри од каналската мрежа.
Од Илинден најавуваат дека и во иднина, редовното одржување на отворените канали останува приоритети на Општината.