18 Декември, 2025
0.0597

Ревизијата годинава влегува во АЕК и во уште 98 државни институции!

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2014 08:24

Добивај вести на Viber

Државнот завод за ревизија годинава ќе го проверува работењето на Агенцијата за електронски комуникации. Но, освен оваа Агенција, согласно годишниот план за работа што веќе е донесен, ревизорите ќе го контролираат работењето во вкупно 99 државни институции, агенции и фондови.   „Извештајот за работата на Агенцијата за електронски комуникации, под раководство на директорот Роберт Ордановски е особено интересен поради серијата скандали што минатата година без врзани за Агенцијата. Имено лани, дури и Владата реагираше за начинот на кој во Агенцијата беа потрошени дури 20 илјади евра за новогодишна прослава.  Владата побара – вработениите и директорот Роберт Ордановски да ги вратат парите од сопствените плати. По ваквата препорака што стигна од владата, раководството подоцна тврдеше дека сите пари потрошени за забавата се вратени назад“. Но, освен скапата журка, Агенцијата за електронски комуникаци лани беше на удар од опозицијата и поради најавената изградба на Кула на Водно, односно антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава. Опозицијата реагираше дека станува збор за премногу скап проект, кој дополнително станува се поскап. Односно, иако првично е најавено дека ќе чини 17 милиони евра, подоцна со анекс договор сумата се зголемува на 27 милиони евра. Сега останува да се види што точно ќе утврдат ревизорите за работењето на оваа Агенција. Ревизорите ќе го контролираат работењето и во Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за енергетика, како и во Агенција за администрација, Агенција за стокови резерви, но и Агенција за храна и ветеринарство. Во кои министерства ќе влезат ревизорите Министрите, за финансии Зоран Ставрески, за транспорт и врски Миле Јанакиески, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за култура Елизабета Канчевска-Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски се само дел од оние кои ќе мораат да ги дадат документите на увид на ревизорите. Со оглед дека министерството за култура е едно од клучните во спроведувањето на контроверзниот проект „Скопје 2014“, ревизорскиот извештај за работата во ова министерство ќе биде еден од најочекуваните. Доправа ќе се види дали и какви неправилности ќе најдат ревизорите токму за проектот „Скопје 2014“ за кој во јавнсота се крена голема прашина. Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, која заедно со поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ беа клучни во овој проект, одржаа заедничка прес конференција, во моменто кога Тодоровиќ ја изгуби битката во општина Центар. Канческа и Тодоровиќ тогаш на увид на јавноста ставија документација за проектите спроведени за „Скопје 2014“ , со цел да кажат колку чинел проект и дека бил спроведен согласно сите постапки, иако претходно транспарентноста за овој проект не беше на високо ниво. Годинава, ревизорите ќе ги разгледуваат и документите во министерсвото за транспорт и врски под раководство на Миле Јанакиески. Пред неколку години во ова министерство ревизорите излегоа со податоци за сериозни пропусти, а извештајот и министерсвото беа на удар на јавноста. Ревизорите ќе го контролираат и работењето на министерствата за одбрана, економија, животна средина, правда, земјоделство, образование и труд и социјална политика. ДЗР ќе врши контрола во општините   Ревизорите  годинава ќе го контролираат и работењето на 20 градоначалници. „Документацијата за тоа како се работело изминатите години на увид на ревизорите ќе треба да ја дадат градоначалникот Скопје - Коце Трајановски, на Аеродром - Ивица Коневски , на Прилеп - Марјан Ристески, на Битола – Владимир Талевски. Како и градоначалниците на Сарај, Зелениково, Кичево, Чаир, Гази Баба, Ресен, Струга, Велес, Неготино, Кавадарци, Крива Паланка, Крушево  , Ѓорче Петров, Штип, Дојран и Валандово.“ Освен овие, ревизорите ќе го контролираат работењето и во неколку клинички болници, јавни претпријатија и фондови. Сепак, дел од јавноста и натаму смета дека извештаите на Државниот завод за ревизија и покрај наодите за ненаменско или незаконско трошење кои ги откриваат, во најголем дел тие остануваа само забелешки напишани на хартуја за кои никој не сноси одговорност. Но, од друга страна пак, последниот случај со ревизорскиот извештај за работата на Агенцијата за странски инвестиции под раководство на Висар Фида, каде беа откриени серија неправилности, отвори ново прашање, бидејќи директорот Фида, изјави дека не го признава извештајот и ќе бара независна ревизија на Државниот завод за ревизија. Тоа го отвора шрашањето како е можно институциите само меѓу себа да нес и веруваат. Сепак, пред повеќе години една реченица напишана во ревизорски извештај за врши со скандал кој доби и судски епилог, а тоа беше случајот Бачило. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?