Добивај вести на Viber
Како и на кој начин судовите ги чуваат парите, скапоценостите, акциите и другите форми на гаранција што осомничените ги отстапуваата на судот? Новиот ревизорски извештај обелоденува серија на слабости и недоследности, од отсуство на контрола врз овие готивински и безготовински средства, до отсуство на попис и контрола врз прописите од страна на ресорното министерство. Со ревизијата биле опфатени Министерството за правда, Судскиот совет, Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Скопје 2, како и судовите во Велес, Тетово, Битола и Охрид а опфетен е период од 2013 до 2015 година.
Како се чуваат парите и гаранциите на осомничените?
Судските депозити претставуваат полагање на парични средства, благородни метали и други предмети изработени од благородни метали, хартии од вредност, скапоцености, за кои во судска постапка ќе се утврди потреба од нивно депонирање. Приверемените судски депозитит практично се упалтени парични средства на депозитната сметка на судот, во насока на вештачање, но и како награда за стечајни управници. Редовните депозити пак можат да бидат готовински, кои во форма на парични средства се уплаќаат во судската благајна и и безготовински, кои се уплаќаат на депозитната сметка.
Ревизорскиот извештај го опфаќа и менаџирањето со “гаранциите“ - како мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот. Во дел од ревизорскиот зивештај дури се нотира дека мерката “гаранција“ треба да се примени кога тоа е можно а со цел заштита на човековите права.
“Потреба од примена на мерката гаранција, како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, со цел поголема заштита на човековите права и основни слободи, во случаите кога судот ќе утврди дека за тоа постојат можности“
Иако според резвизорот, Министерството за правда имало законска надлежност, не се вршеле надозри над спроведувањето на прописте поврзани со судските депозити и гаранции.
“Констатиравме дека Министерството за правда во периодот од 2013 до 2015 година нема извршено надзор над спроевдувањето на прописите за судските депозити и гаранции и на примената на судскиот деловник“ - се вели во ревизиорскиот извештај.
Надзор над работењето со средствата на депозитите врши претседателот на судот, кој деолжен најмалку двапати годишно да изврши преглед на севкупното финансиско и материјално работење. Еве што констатирал ревизорот:
“Со увид во деловните книги констатиравме дека во преиодот од 2013 до 2015 година претседателот на Основниот суд Скопје1, Скопје2, Велес, Тетово, Битола и Охрид нема извршено надзор над материјално финансиското работење со средствата од депозитите и прглед на севкупното финансиско и материјално работење“, вели ревизорот.
“Не е извршено усогласување на паричните средства од депозитите за кои надлежноста е префрлена од Основен суд 1 во Основен суд 2. За работа со судските депозити и гранации во основните судови не се определени овластени судски службеници“, нотира ревизорот и упатува на потребата од спроведување на попис на сите депозити и гаранции со цел да се утврди состојбата со истите.
Се собираат пари – на кои сметки се чуваат?
Утврдени се и недоследности кои на некој начин ги оштетуваат граѓаните ( депонентите на депозити и гаранции). Еве што пишува во ревизорскиот извештај:
“Со увид во сметководствената документација во анализираните судови утврдено е дека за секоја уплата на депозитната сметка на судот не се доставува наредба за депонирање на средствата како основ за евидентирање. Исто така констатиравме дека иако е законска обврска, не се повикува лицето во чија корист е предаден депозитот, најмалку еднаш годишно“, пришто средствата добиени во готовина се чувале, односно депонирале во НБРМ, која во 2015 година склучила договор со Основниот суд Скопје 1 за отворање на девизна сметка.
Проблем е утврден и кај гаранциите што се даваат на судот во име на осомничените:
“Од извршениот увид во основните судови ревизијата утврди дека основните судови немаат отворено посебни сметки за уплата на средствата по основ на гаранции, денарски и девизни, што не е во согласност со член 150 од Законот за кривична постапка“.
Од раководните лица на Основен суд 1, Основен суд Велес и Министерството за правда биле добиени известувања, забелешки и мислење по Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, кои биле разгледани и било констатирано дека во најголем број претставувале образложенија на констатираните состојби анведени во ревизорскиот извештај.