29 Септември, 2024
0.1442

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ: Како се собирале, а како се трошеле буџетските пари?

Објавено во: Анализа 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Државниот ревизор го објави Конечниот извештај за усогласеноста на Основниот буџет за 2013-та година. Ревизијата констатираше во донесување на Буџетот, во рамките на законските рокови се донесени сите документи освен Фискалната стратегија. Прашањата кои ги покрива овој извештај биле дискутирани на завршниот состанок со раководството и одговорните лица на субјектот што е предмет на ревизијата. Од страна на Министерството за финансии биле испратени забелешки во однос на ревизорскиот извештај, истите биле разгледани и било утврдено дека претставуваат известување за констатираната состојба. Еве кои се наодите на државниот ревизор: Донесување на буџетите Буџетски барања без план за јавни набавки, план за систематизирани и пополнети работни места, недоставени стратешки планови за работа. Ова се дел од наодите на државната ревизија утврдени во делот на донесување на буџетот. Така, ревизорот констатира: “Во најголем број на случаи буџетските барања доставени од страна на буџетските корисници не го содржат планот за јавни набавки. Истакнуваме дека планот за јавни набавки, како прилог на буџетското барање претставува детален приказ на потребите на буџетските корисници и на изворите за финасисрање“ – пишува во ревизорскиот извшетај и се додава дека Министарството за финансии информирало дека со нарoдниот Буџетски циркулар (документ што го доставува до буџетскте корисници), истиот ќе биде модифициран и дефинираn во вид на образец за јавните набавки, кој ќе биде составен дел на буџетскиот циркулар. Исто така, државните ревизори откриваат дека поголемиот дел од буџетските корисници не го доставуваат планот на систематизирани и пополнети работни места, по што Mинистерството за финансии се обврзало дека ќе направи модификација на Буџетскиот циркулар и за оваа забелешка. Не се доставувале ниту стратешки планови од страна на поголемиот дел на буџетските корисници, но со измената на Законот за буџет,од годинава, отсуството на овој документ ќе значи дека буџетскиот корисник доставил некомплетно барање при составување на буџетот. Дотации од ДДВ и нивна распределба по општини Државниот ревизор во овој дел од менаџеирањето на буџетските пари констатира дека иако во 2013 та година имало отстапувања во буџетските приходи, кој дел завршуваат и на сметка на општините, Министрството за финансии не предложило ребаланс на буџетот. “Иако реализацијата на приходите отстапува од планот, Министерството за финансии нема предложено на Владата изменување и доплнување на буџетот за 2013-та година, во делот на дотации од ДДВ, согласно член 36 од Законот за буџети, односно не е извршено изменување и дополнување на Буџетот 2013 ( ребаланс) во делот на дотации од ДДВ, како дополнителни приходи во буџетот на општините“ – пишува државниот ревизор и препорачува: “Финансирањето на надлежностите на општините од наплатениот ДДВ да се обезбедува согласно законската регулатива.“ Даночни приходи Според анализата на државните ревизори, во 2013 та година најголем дел од буџетските приходи или 55,45% се обезбедиле од даноци, потоа по основ на трансфери и донации се слеале 14,31%, од неданочни приходи 12,44%, од домашно задолжување 11,03%, странско задолжување 3,93% и од капитални приходи се обезбедиле 2,44% од потребните пари. Во структурата на даночните приходи најголем удел или 52% имаат приходите од ДДВ а зад нив со 28,85% се другите даночни приходи, следува персоналниот данок со удел од 13,39% и данокот на добивка со учество од 5,77%. Во ревизрскиот извештај пишува: “Воспоставена е соработка помеѓу УЈП и Министерството за финансии во насока на доставување на податоци за проекциите за очекуваните даночни приходи во фаза на изготвување на буџетот. УЈП води даночни евиденции за даночните побарувања и нивната наплата поединечно по обврзник, со податоци што се од значање за утврдување на даночните обврски. Наплата на даноците од страна на даночните обврзници како доброволна наплата, изнесува 87% од вкупните побарувања.“ Во делот на наплата на приходи по основ на отуѓување и закуп на градежно земјиште, ревизорите констатираат помала наплата од планираното. “Со Буџетот за 2013-та година по овој основ е планиран приход од 425 601 000 денари а остварени се 157 071 000 денари или 36,91% од планираното. Со извршениот увид во “Регистарот на отуѓено и дадаено земјиште под долгорешен и кракткорочен закуп“ е утврдено дека истиот нуди податоци само за почетната и вкупно постигнатата цена за давање под закуп и истиот не дава податоци за висината, рокот на плаќање на закупнината како и износот на платениот/неплатениот надоместок“, се посочува во ревизорскиот извештај и се додава дека овие податоци не се предвидени со правилникот и затоа не се составен дел од регистерот и дека Министерството за транспорт располагало со целосна евиденција на договорите за отуѓување на градежно земјиште. Отстапки меѓу планираните и собраните средства по основ на капитални приходи има и кај земјоделското земјиште, концесии за геолошки истражувања, експлоатација на минерални суровини. Најголемо отстапување на планот има кај приходите по основ на концесии за користење на вода, или во Буџетот во 2013-та година се слеал само 0,37% од планираниот приход. Р.Ф.