17 Декември, 2025
0.0501

РЕВОЛУЦИЈА: Србија ќе ја легализира марихуаната во медицински цели?

Објавено во: Балкан 24 Септември, 2014 20:36

Добивај вести на Viber

Легализацијата на марихуаната во медицински цели се почесто се споменува во Србија - оваа тема ја испрати претходната министерка за здравство, а сега ја враќа и актуелниот министер Златибор Лончар. „Јас поддржувам се она што може да му помогне на болен човек. Тоа е моја работа, јас сум на чело на такво Министерство. Секој ден имате преку пет барања за слични работи, за марихуаната да се проба, да се дозволи, да се регистрира“, вели Лончар. Поборниците за легализација на марихуана потсетуваат дека страв беше присутен и за морфиумот, кој денеска се користи кај заболените од карцином. Невролозите, пак, ја поддржуваат примената на лекови со канабис, но само во строго контролирани услови. „Примената на препарати кои се на база на марихуана би била многу корисна за луѓето со мултиплекс склероза, која е тешко невролошко заболување каде што еден од симптомите може да биде вкочанетост на нозете и вообичаено овој симптом не реагира на стандардна терапија“, вели Јелена Друловиќ од Клиниката за неврологија во Белград. Најмногу скепса сепак има кај оние кои работат со зависници од наркотици.Тие стравуваат дека наместо употреба, може да дојде до злоупотреба на марихуаната. Од Институтот за болести на зависност, по најавите на министерот, велат дека најопасно ќе биде доколку на пациентите им се дозволи самостојно да купуваат марихуана. „Ние во болницата примаме пациенти кои ни се обраќаат за помош заради негативни состојби од дејството на марихуана, чувство на страв, параноја, паника, халуцинации. Сепак не можеме да негираме дека тетрахидроканабинолот има терапевтски својства кои се познати одамна“, вели д-р Мира Ковачевиќ од оваа болница. Продажбата и употребата на марихуана во медицински цели е дозволена во 20-тина држави во САД, а лекот направен од канабис е дозволен и во 20-тина европски држави.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни