06 Декември, 2025
0.0451

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ: Може ли таа да смени нешто за Македонија?

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019 16:52

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент утре ќе гласа за Резолуција за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. 

Oва е документ со девет точки во кои се изразува разочарување за недонесената одлука, која оди на штета на кредибилитетот на Европската Унија. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не знае што пишува во Резолуцијата, но смета дека тоа што се подготвува е од голема помош.

Европскиот парламент ги повикува земјите-членки да покажат одговорност кон Албанија и Северна Македонија и да донесат едногласна позитивна одлука за отворање преговори.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

За датумот за преговори треба повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Поради ветото од Франција, Македонија и Албанија во Брисел не добија датум за преговори со ЕУ. 

Во Македонија на 12 април ќе се одржат избори. Вака одлучи власта по исходот од Брисел. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени