РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ Е ПРИФАТЛИВА ЗА СИТЕ - за ЛДП е проблем само што во неа го нема уставното име на државата
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2021 12:57
Резолуцијата предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, е пртифатлива за Либерално-дермократската партија. Ова за Фактор го потврдио пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.
Како што е познато, дернеска во врска со Резолуцијата средба имаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски, со двајцата пратеници од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, со пратеничката од ДОМ, и претседателката на таа партија, Маја Морачанин.
Зајкова вели дека за ЛДП реџзолуцијата е прифатлива, но има еден проблем, а тоа е што ЛДП инсистира во текстот на резолуцијата да стои уставното име на државава, Република Северна Македонија, а не како што е во Резолуцијата, без додавката Северна.
„За нас текстот на резолуцијата е прифатлив, бидејќи е сосема коректен и никого не навредува, барем според она што го гледаме од драфт верзијата“, вели Зајкова за Фактор.
Таа само објаснува дека единствениот проблем е што ЛДП смета дека во неа треба да стои уставното име на државата.
„Ние сметаме дека треба да се користи уставното име на државата, бидејќи со таа придавка сме влегле и во НАТО како држава. Но, се надеваме дека и околу тој проблем ќе се најде некое компромисно решение“, вели Зајкова.
Какво компромисно решение би се нашло, според пратеничката, е или ВМРО-ДПМНЕ да прифати да се користи додавјката Северна во Резолуцијата, односно уставното име на државата, или да се продолжат разговорите за да се дојде до модел кој ќе биде прифатлив за двете партии.
Поддршка најавија и од Демократски сојуз, партијата на Павле Трајанов, но и од ДОМ.
А денеска, на новинарско прашање дали СДСМ ќе ја прифати резолицијата предложена од ВМРО ДПМНЕ, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста.
„Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што всушност и видовме од медиумите. Затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот, ВМРО ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати резолуцијата и секако ние, како одговорно мнозинство, ќе ја прифатениме таква каква што ја гледаме во медиумите. Со тоа би сакал да соопштам дека избиваат на површина буквално сите лаги кои ги пласираа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски во однос на национално предавство, во однос на загрозувањето на нашиот македонски јазик и идентитет. Со тоа уште еднаш испраќаме силна порака дека апсолутно македонскиот идентитет и јазик се затворена тема и треба да им биде јасно на сите. Со сигиурост нема да дозволиме македоснкиот идентитет да се користи за партиски препукувања и како одговорни политичари имаме обврска да го направиме. Македонскиот идентитет е светост која е повисока и поважна од рејтингот на Мицковски и ВМРО ДПМНЕ. Испраќаме силна порака дека ќе работиме силно на интеграција во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет“, рече Костадинов.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





