РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО: Ердоган води, но драматично ја губи поддршката од Турците!
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2015 23:31
Слави партијата на Курдите
На изборите во 2011 година, АК партија освои 341 места во парламентот, што значи дека на овие избори ја изгуби најмалку 80 места во парламентот.
Вистинското прашање е - што следно.
Всушност, Турција за прв пат од 2002 година, би можела да добие коалициска влада.Кога станува збор за коалиција работите се комплицирани, ако се суди по најавите во пресрет на изборите, Ердоган нема многу причини за славење.
Прво, затоа што на ЦХП и МХП ја отфрлаат идејата за коалиција со АКП. Уште помалку е веројатно коалиција со прокурдската CWS партија. Ердоган во предизборието велеше дека е тоа "партијата на Ерменците и хомосексуалците", знаејќи дека ако CWS биде застапена во парламентот најмногу пратеници ќе изгуби токму АКП.
Важно е да се напомене дека и самиот Ердоган ја отфрлаше секоја опција за коалиција, и тоа за него би било политичка катастрофа.
Аналитичарите пред изборите најавува дека во знак на одмазда на Ердоган, дури и дел од Турците, ќе гласаат за про-курдската партија.
Но, освен што го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот, Ердоган е поразен и на едно друго ниво.
Всушност, тој од турскиот народ пред изборите бараше двотретинско мнозинство или 367 мандати, со цел да се промени уставот и да се воведе претседателски систем во земјата. Турскиот народ тука одлучно му рече едно големо НЕ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




