„РЕЗУЛТАТОТ НЕ Е ПОСАКУВАНИОТ, НО СЕПАК...“: Шукова за прво обраќање откако не влезе во вториот изборен круг
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 11:43
Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, која заврши како четврта во првиот круг и не влезе во трката за градоначалничката фотелја во втор круг преку Фејсбук се заблагодари на сите граѓани кои излегоа да гласаат, но и на својот тим и поддржувачите.
„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност. Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје. Му благодарам на мојот тим, на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес и за вредностите во кои верувам со истата одговорност и посветеност. На сите кандидати кои продолжуваат во вториот изборен круг им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар“, напиша Шукова на Фејсбук.
Таа освои 26.720 гласови или 11,50 проценти и остана зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, но и зад кандидатот на Влен, Башким Бакиу.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





