„РИЈАД ЕР“ КУПУВА АВИОНИ ЗА 8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Со „Боинг“ преговара за 150 летала
Објавено во: Економија 30 Мај, 2023
Новата саудиска
авиокомпанија „Riyadh Air“ преговара со американскиот производител на авиони
„Boeing“ за купување на 150 авиони од моделот 737 MAX, објавија медиумите.
Вредноста на трансакцијата би можела да достигне приближно осум милијарди долари, според проценката на аналитичарот на „Bloomberg News“, бидејќи голем број авиони обично носат значителен попуст, пренесува „Јутарњи лист“.
Новиот саудиски превозник е основан во март како дел од стратегијата на престолонаследникот Мохамад бин Салман да ја намали зависноста на саудиската економија од нафта и да го зголеми уделот на туризмот и сообраќајот.
До крајот на деценијата, „Riyadh Air“ треба да лета на повеќе од 100 дестинации низ светот и да се натпреварува со главните авиопревозници во Персискиот Залив во глобалните трансфери.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.