06 Декември, 2025
0.0528

Рипна цената на „Окта“

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2013 13:56

Добивај вести на Viber

Цената на акциите на скопската рафинерија „Окта“ на вчерашниот ден на тргување на Македонската берза достигна раст од близу 39 проценти забележа. Поточно, акциите на оваа компанија вчера се продадоа по цена од 1.041 денар за акција, а беа истргувани 137 акции, што не се смета за голема количина. Во однос на последната цена што ја имале акциите на „Окта“, која изнесувала 750 денари, вчерашното зголемување на цената е за 38,8 проценти. Во текот на завчерашниот ден немало тргување со акциите на скопската рафинерија. Засилените шпекулации за можен влез на руската компанија „Газпромњефт“ во нашата рафинерија според некои размислувања го овозможија еднодневениот раст на цената на акциите на „Окта“.  Одредени сознанија говорат дека руската фирма најверојатно ќе ја купи „Окта“, а дел од информациите што деновиве проструија по медиумите беа на линија дека руската компанија планира да влезе на македонскиот пазар преку нафтената индустрија Србија, каде што е доминантен сопственик. Таа ги почнала преговорите за купување на грчки „Хеленик петролеум“, но голем интерес имала и за рафинериите во Солун и Скопје. „Газпромњефт“ е дел од „Газпром“ и е петта по големина нафтена компанија во Русија. Тој е заинтересиран за „Окта“ особено поради локацијата и изградениот нафтовод. Руската компанија планира со производството во солунската рафинерија да го покрие и бугарскиот пазар, а преку „Окта“ пазарите во околните земји. Од неодамна, пак, компанијата „Пуцко петрол“ од Македонски Брод е новиот акционер во рафинеријата „Окта“, откако на берзанска аукција купи 11 проценти од нејзиниот капитал. Тие акции ги продаваше Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со оваа трансакција „Пуцко петрол“ стана втор најголем акционер во „Окта“, веднаш по „ЕЛ.П.ЕТ Балканики“ на грчката фирма „Хеленик петролеум“, кој поседува 82 проценти од вкупниот капитал на компанијата. Преостанатите седум отсто од акциите се сопственост на помали инвеститори. За овие 11 проценти „Пуцко петрол“ плати околу 630.000 евра. Фондот продаде 72.000 обични акции од Рафинеријата по цена од 410 денари за една акција и 21.561 приоритетна акција, по цена од 455 денари,пишува Утрински.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?