Ристовски ја претвори партијата во секта, обвини Зафировски
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Eкс потпретседателот на партијата Интегра, Воислав Зафировски заедно со дел од досегашни структури на Интегра влегува во ВМРО-ДПМНЕ.
Зафировски денеска го обвини претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски дека ја претворил партијата во секта.
Вели дека од Интегра во ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и меѓународниот секретар на партијата, носителот на изборната листа од петтата изборна единица, координаторот на шестата изборна единица, како и други носители на различни функции во рамки на претседателството, но и лидерските тимови на Интегра. Покрај членовите на претседателството, вели Зафировски, во ВМРО-ДПМНЕ преминуваат поголемиот број претседатели и членови во општинските комитети на Интегра во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а најава има и од поголем број други општински комитети.Од Интегра претходно соопштија дека Зафировски е разрешен.
На изборите Интегра освои 12.000 гласови, но не доби пратеничко место во Собранието.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.