16 Јануари, 2025
0.0336

Ристовски:Измените на законот за работни односи во насока на заштита на работниците

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Последните измени на законот за работни односи имаат за цел да ги заштитат правата на работниците и да ги спречат злоупотребите при спогодбените откази, како и да ја намалат бројката на непријавени работници, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

- Со последните измени на Законот за работни односи, кои се на јавна расправа, во консултација со синдикатите и работодавачите се обидовме да ги коригираме состојбите коишто се детектирани како проблеми. Со нив се предвидува да не постои бланко потпишана изјава за отказ, ситуација која што често пати се случуваше и предвреме беше потпишуван отказот. Работодавачите дополнителни само го допишуваа датумот. Сега се предвидува само горниот, односно суштинскиот дел на текстот да биде унифициран и изработен, но долниот дел каде што се потпишува работникот и работодавачот да остане целосно празен. Тука работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос, рече Ристовски.

Со ова, додаде, многу ќе се намали веројатноста дека некој ќе се обиде да фалсификува нечиј потпис или целосно име и презиме или датум.

Друга значајна измена, како што истакна Ристовски, е предлогот за воведување мандатни казни за непријавени работници.

- Има делумна промена на прекршочната политика со тоа што ќе се воведат мандатни казни доколку се затекнат до две непријавени лица. Притоа, работодавачот ќе треба да плати по 1.000 евра за секое од двете непријавени лица и обврска да ги пријави во рок од осум дена и да ги плати казните. Доколку тоа не го направи објектот каде се извршуваат работните задачи ќе биде затворен. Доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен. Во услови кога објектот ќе биде затворен работодавачот нема да смее да отпушти ниту еден вработен, туку ќе треба да им исплаќа плати во висина од 70 проценти од последната исплатена плата, појасни министерот за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања