26 Јуни, 2024
0.0500

Роберт Алаѓозовски: И благодарам на Владата за новата функција

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber


Роберт Алаѓозовски и се заблагодари на Владата за новата функција што му ја додели откако на вчерашната седница од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

„Благодарам до Владата за именувањето. Новото звање попрецизно ги посочува моите задолженија: имплементација на стратегијата Едно општество, проектот Скопје Европска престолнина на културата 2028, во соработка со град Скопје, членство во работна група на ИЦЦ платформата при Совет на Европа, реформите и стратегијата во Култура и разни меѓуресорски прашања.

Позицијата национален координатор е пивотална, хоризонтална, соработничка. Потребни се големи комуникациски вештини и интердисциплинарни знаења. Поблиску е до фриленс отколку до министерската, хиерархиска методологија на работа.

Во услови на ковид кризниот менаџмент и постизбирното комплетирање на разните позиции, не чека многу работа, подобро, повеќе и поуспешно“, објави Алаѓозовски.

На истата седница Владата доскорешниот министер без ресор за отчетност и транспарентност Роберт Поповски го именуваше за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала