28 Март, 2024
0.0244

Родителите нѐ испраќаа за Австралија, а ние се шегувавме со нив: Андријана со љубов се сеќава на приказни со Тоше

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

На 25 јануари, Тоше Проески ќе наполнеше 42 години. Откако на 16 октомври во 2007 година, трагично загина во сообраќајна несреќа, обожавателите на нашата музичка легенда рекоа: Тоше има само ден на раѓање.

Задутре од 12 часот, во Спомен куќата „Тодор Проески“ во неговото родно Крушево, ќе се одржи концерт во чест на Тоше, на кој ќе пеат Андријана Јаневска и Бојан Стојков.

Андријана и Тоше беа блиски пријатели уште од почетоците на неговата кариера, а таа беше гостинка на неговиот прв концерт на Лизгалиште во Скопје во 1999 година. 

- На 25 јануари ќе настапам на покана на мојот пријател и колега Вангел Мажевски со кого заедно го одбравме репертоарот. Ќе ги отпеам „Морска ѕвездо“, „Громови на душа“, „Излажи ме уште еднаш“ и „Тајно моја“, додека пак со Бојан Стојков ќе отпееме две песни во дует: „Немир“ и „Волим осмијех твој“, ни раскажа Андријана за овој настан.

Андријана со љубов се сеќава на нејзината прва средба со Тоше и раскажува што е она што во нејзините очи го правело посебен. 

Повеќе детали на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи