23 Јуни, 2024
0.0630

РОДИТЕЛИТЕ НА ЖРТВИТЕ ГО НАПАДНАЛЕ УРОШ БЛАЖИЌ: Рочиштето е прекинато

Објавено во: Балкан 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Во соседна Србија денеска беше прекинато рочиштето за убиецот од Младеновац, Урош Блажиќ откако настана инцидент. 

Во Вишиот суд во Смедерево требаше да почне прелиминарно рочиште пред судењето на Урош.Б. кој на 4 мај лани уби девет луѓе и рани 12 во селата Дубона и Мало Орашје. Обвинетиот по инцидентот го изнесоа од судницата, јавува репортерот на Еуроњуз Србија. Родителите на убиените „скокнале“ врз него штом влегол во просторијата.

„Настана хаос. Сите се нафрлија на него кога тој влезе во просторијата. Влезе со наведната глава. Каде е сега таа храброст. Ги застрела моите деца. Син ми со десет куршуми,  ќерка ми со осум. И сега му се суди. За што му се суди? Ќе правиме хаос. За него само доживотен затвор“, изјави за новинарите насобрани пред судницата, мајката на убиените брат и сестра Милан и Кристина Паниќ.

Екипата за итна помош влезе во судницата и извади една жена. Новинарката на Еуроњуз Србија јави дека се работи за мајка на еден од убиените која онесвестила. Според новите информации, покрај неа се онесвестило уште едно лице.

Небојша Перовиќ, еден од адвокатите на оштетените, за новинарите изјави дека прелиминарното рочиште ќе продолжи во зградата на Специјалниот суд во Белград, но не може да прецизира кога. Лани на почетокот на мај се случи и масакр во Белград, каде 13 годишно дете уби 9 луѓе во своето училиште. 

Можеби ќе ве интересира

Србија доби воз со кој од Белград до Скопје ќе се патува два часа

Србија доби воз со кој од Белград до Скопје ќе се патува два часа

Истрага дали навистина климатизерите го оставија регионот без струја

Истрага дали навистина климатизерите го оставија регионот без струја

Злоупотреба на средствата од ИПАРД, ЕУ го блокира пакетот со 112 милиони евра за Албанија

Злоупотреба на средствата од ИПАРД, ЕУ го блокира пакетот со 112 милиони евра за Албанија

ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција

ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција

„ОВОЈ ХАОС МОЖЕШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ“ Енергетски експерт за прекинот на струја

„ОВОЈ ХАОС МОЖЕШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ“ Енергетски експерт за прекинот на струја

ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: млада Македонка загина во сообраќајка во Грција (ВИДЕО)

ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: млада Македонка загина во сообраќајка во Грција (ВИДЕО)

Сахарскиот песок го замати воздухот во Хрватска, како може да влијае на здравјето?

Сахарскиот песок го замати воздухот во Хрватска, како може да влијае на здравјето?

СТРУЈАТА СЕ ВРАЌА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: причините за овој голем колапс допрва ќе се испитуваат

СТРУЈАТА СЕ ВРАЌА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: причините за овој голем колапс допрва ќе се испитуваат

ТОТАЛЕН ХАОС ВО РЕГИОНОТ: нема струја, температурата 40 степени, не работат семафорите, и во Албанија има проблеми

ТОТАЛЕН ХАОС ВО РЕГИОНОТ: нема струја, температурата 40 степени, не работат семафорите, и во Албанија има проблеми