СО ГОЛЕМО СРЦЕ МЕЃУ НИВ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ БРАТ БЛИЗНАК - се огласи Оливер Шаркиќ, тој е исто фудбалер
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2024
Целиот регион денеска го потресе веста за смртта на младиот црногорски голман Матија Шаркиќ.
Овој 26-годишен голман утрово околу 6:30 часот ненадејно починал во стан во Будва.
На Шаркиќ му се слошило во станот, пријателите веднаш реагирале, повикале брза помош, но за жал - немало начин да го спасат. Лекарите можеле само да констатираат смрт.
По страшната трагедија на социјалните мрежи проговори неговиот брат близнак Оливер Шаркиќ.
Оливер на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија со Матија со емотикон со големо срце меѓу нив.
Оливер е исто така успешен фудбалер. Неодамна со Дечиќ стана шампион на Црна Гора.
Матијас и Оливер се родени во Гримсби, Англија. Тие играа заедно за младинските тимови на Андерлехт, додека нивниот татко работеше во Белгија, а подоцна фудбалските патишта им се разделија. По Андерлехт, Оливер беше член и на лисабонска Бенфика.
Курир спорт/Ј.М.
Фото: Принтскрин