Родителите во грч – дали да ги вакцинираат своите деца?!
Објавено во: Анализа 15 Март, 2014 08:30
“Значи, проблемот во Македонија каде се крие? Па, во тоа, што самите медицинари, односно имунолози,не ги признаваат аргументите за несаканите последици на вакцините кои што уредно ги пишува во секоја декларација на нивните производители. Нашите медицинари упорно не убедуваат дека сите вакцини се во ред и дека ниту една вакцина нема никаков несакан ефект, што е тотален апсурд и ноторна лага”, вели за Фактор М.Г., еден од родителите.Тие веруваат дека вакцините се виновници за аутизам кај многу деца, имунолошки и алергиски заболувања, па дури и смртоносни болести. Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој, смета Весна Башевска-Симонова, дипломиран фармацевт. Според неа, со самото тоа што производителот навел сериозни несакани реакции во упатството за употреба на вакцината, државата не може да гарантира дека нема да му се случи сериозна несакана реакција.
„Кога производителот вели дека енцефалитис е сериозна несакана реакција на одредена вакцина, тој вели дека лицето што ќе одлучи да се вакцинира, го превзема ризикот да развие енцефалитис. Ако во упатството стои несакана реакција парализа, тоа значи дека тој што одлучил да се вакцинира прифаќа ризик да се парализира. Во случај кога државата ти наредува да се вакцинираш мене не ми е јасно кој го превзема ризикот и каде е одговорноста кога некое несакакно дејство ќе се случи? Дали тоа значи дека државата во мое име го превзема ризикот јас да се парализирам? -прашува Башевска –Симонова.Според нејзините истражувања во деведесетите години на минатиот век во вакцините се додала живата како конзерванс.
“Сметам дека кога станува збор за вакцините, ризикот по здравјето на детето далеку ја надминува користа. Современите вакцини се коктел од мноштво хемиски супстанци кои медицината и науката ги декларирала како високо отровни, штетни и кумулативни, како на пример живата, алуминиумот, формалдехидот, формалинот. Во минатото, календарот за вакцинации беше многу пократок и вакцините претежно се одгледуваа на пилешки ембриони, затоа најчеста алергија кај децата беше алергијата на јајца. Денес календарот на вакцинации е трикратно зголемен, а вакцините се одгледуваат освен на пилешки ембриони и на ткива од абортирани човечки фетуси, па независни медицински експерти со право бараат поврзаност помеѓу зголемениот број на автоимуни болести и овие нови вакцини”-вели Башевска-Симонова.Ако во 1980 год. во САД на 10.000 деца едно заболувало од аутизам, денес на 50 деца едно е со аутизам. Нормално е да се бара причината за таа епидемија од аутизам и веќе постојат независни студии кои пронаоѓаат врска помеѓу аутизмот и вакцинацијата. Други стручни лица тоа го побиваат. Во ситуација кога медицината нема пронајдено конкретна причина и лек за овие болести, секоја држава треба да остави поединецот да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете, потенцира Башевска -Симонова. Според нејзините сознанија, ниту ширењето на заразните болести кои коселе во минатото, не е спречено со вакцините или тие имале само мала заслуга, затоа што официјалните национални статистики на држави како Англија Велс, САД и Канада покажуваат дека тие болести биле во фаза на искоренување во моментот кога вакцините биле воведени како начин на имунизација. Надлежните смируваат-нема простор за паника, вакцините не се опасни!
Вакцината според надлежните е најисплатлива здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести од кои луѓето умирале во минатите векови. За болестите за кои се најдени, вакцините спречуваат смртен исход или инвалидност и со нив се намалени трошоците за лекување.
Според д-р Методија Трајаноски, специјалист по социјална медицина и јавно здравје реализацијата на вакцините од календарот за имунизација е задолжителна за сите граѓани , пациентот или неговите родители, кога лицето е под 18г, a смислата на оваа мерка е да не остава неимунизирани лица, затоа што тие претставуваат опасност и за општеството како болни лица, но и како преносители на опасни инфективни заболувања.
“Мислам дека календарот за имунизација во нашава држава е во рамките на сите други држави од ЕУ и нема простор за никаков сомнеж од страна на кој и да било родител во државава. Единствена забелешка која што би можел да ја посочам е дека мораме постоечките три вакцини од кои: првата вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), втората вакцина против полиомиелит (детска парализа) и третата вакцина против хемофилус инфлуенца тип Б, да ги замениме со петовалентна вакцина која ги содржи сите гореспоменати вакцини во една, како што впрочем се вакцинираат и децата од ЕУ. Слободно можам да кажам дека на овој начин ќе се добие една единствена вакцина за овие пет заболувања само со едно аплицирање, како и ќе се заштедат многу средства, ако се гледа од призмата на општеството во целина” -вели д-р Трајаноски.Бидејќи со самото аплицирање на вакцините има и контраиндикации – акутни инфективни заболувања, висока температура, дијареја и др, нивното аплицирање според д-р Трајаноски може да се одложи, но не за повеќе од 6 месеци. Одложувањето по основ на медицински контраиндикации за рок подолг од 6 месеци, се извршува со решение на специјализирана комисија. Имунизациите можат да се одложат, но не и да се аплицираат предвреме во интервал помал од 1 месец, затоа што технолошкото време кое е му е неопходно на организмот за да изработи имунитет против следната доза на вакцина е точно толкава, и интерференцијата (мешањето) со нова вакцина во тој период го компромитира самиот процес. Имунизацијата во Македонија е безбедна и ефикасна – вели д-р Јованка Костовска- Национална координаторка за имунизација. Според неа, кај нас се спроведува успешна имунизација со висок опфат благодарение на тоа што истата е задолжителна согласно законските одредби. Досега не се забележани посериозни реакции ниту пак смртни случаи како последица од вакцинација, која е воведена првпат во 1948 година за ТБЦ.
“Во практика се забележани само очекувани несакани, полесни реакции во вид на зголемена температура, болка на место на оток и конвулзии, но никогаш посериозни реакции ниту пак во упатствата за вакцините пишува дека се со смртен исход. На годишно ниво се добиваат 10-15 пријави за вакви случаи, но кои се очекувани” -вели д-р Костовска.Во ЕУ од 27 земји во 15 вакцинацијата е задолжителна, а во останатите земји дел од вакцините се задолжителни, а дел се препорачани. Задолжителни се вакцините за полио и за тетанус. Сепак, свеста на родителите во европските земји е на тоа ниво што иако не е задолжителна тие може да ги вакцинираат своите деца. Според надлежните, за да се создаде добра и стабилна епидемиолошка состојба и да не се вратат некои болести кои се веќе искоренети - опфатот со имунизацијата треба да биде над 95 проценти. Од Министерството за здравство велат дека за вакцината против дифтеријата, која е воведена во 1951 година, во петгодишниот период пред имунизацијата имало 1.790 заболени и 125 смртни случаи. За тетанус вакцината е воведена истата 1951 година, а пред вакцинацијата во петгодишниот период биле регистрирани 180 заболени и 85 смртни случаи. Слично е и со вакцините за големата кашлица, парализата, морбилите и заразните заушки за кои имало илјадници заболени пред вакцинацијата и со 50-100 до 200 смртни случаи најчесто кај деца. По вакцинацијата- овие болести се сведени само напоединечни случаи, а смртни случаи воопшто немало. Б.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





