РОДНИНА НА СЕМЕЈСТВОТО ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ - сомнежите се дека ова е причина за стравичниот пожар во Нови Пазар
Објавено во: Балкан 05 Март, 2023 10:53
Тешка трагедија утрово го погоди Нови Пазар. Во пожарот што се случи утринава околу 08:00 часот во населбата Јалија во Нови Пазар изгоре стан во станбена зграда, а во пожарот загинаа четири деца на возраст од една и пол до четири години.
Според неофицијални информации, пожарот најверојатно настанал од невнимание, бидејќи родителите се грееле со термо печка и греалка.
Еден од роднините раскажал дека мајката се грижла за четирите малечки, а најверојатно дел од алиштата ги оставла на некое грејно тело, и дека така настанал пожарот.
„Има четири мали деца, знаете како оди, работите се оставаат да се исушат, веројатно нешто се запалило и така настанал пожарот. Мојата сестра е мажена за Египќанец, беше домаќинка, додека деверот работеше. Но, утрово и двајцата беа тука, ама судбината сакаше да им ги одземе животите на децата, а нивните животи беа доведени во прашање“, изјавил еден од роднините.
Според информациите, таткото поради тешки изгореници е итно префрлен во Белград, додека мајката е во болницата во Нови Пазар.
На терен се уште се припадници на противпожарната единица и на ПУ Нови Пазар, кои според првичните информации пристигнале навреме, но пожарот веќе го зел данокот.
Фото: Принтскрин Нова.рс
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




