РОЈТЕРС: Издавањето на еврообврзницата одложено поради СДСМ?
Објавено во: Економија 14 Јули, 2016 21:43
Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница од 650 милиони евра, објави Ројтерс.
Ова следеше откако партиски член на опозицијата испратил писмо до менаџерите на заинтересираните банки со кое ја доведува во прашање законитоста на издавањето на обврзницата.
Ројтерс пренесува изјава на еден од менаџарите потврдува дека издавањето било одложено поради писмото од еден член на СДСМ во кое тој објаснува дека власта противзаконски ја издава евробврзницата.
СДСМ денеска испрати соопштение во кое рече дека издавањето на еврообврзница на износ од 650 милиони евра е директно прекршување на Законот за Буџет, Законот за Влада, Договорот од 2 јуни/15 јули 2015 година и Кривичниот законик.
Од партијата најавуваат дека и понатаму нема да отстапат од ставот, дека ако се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која што беше издадена еврообврзницата во ноември лани.
Владата од своја страна тврди дека кореспонденцијата е политички мотивирана, и дека не постојат легални основи за оспорување на задолжувањето.
Македонија ја понуди новата еврообврзница, а камата е 5%. Еврообврзницата е со рок на доспевање од 7 години и е најголема досега.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




