Рокот истекува, котацијата на берза станува задолжителна за компаниите
Објавено во: Економија 25 Април, 2013 18:34
За два месеца, 112 нови компании ќе почнат да котираат на официјалниот пазар на Македонската берза како дел од владините мерки за раздвижување на пазарот на хартии. За котација досега аплицирале дваесетина компании, а крајниот рок истекува на 1-ви мај. Со новите мерки, оваа обврска е задолжителна за сите акционерски друштва кои имаат ревидирани финансиски извештаи за последните две години, најмалку 50 акционери, најмалку еден отсто распространетост на акциите во јавноста и номинален капитал од најмалку еден милион евра.
Задолжителната котација треба да овозможи централизирано собирање, обработка и користење информации за котираните друштва што ќе влијае кон создавање поефикасен пазар на капитал во Македонија како за издавачите, така и за инвеститорите, беше посочено на денешната работилница „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација?“. Според Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност, акционерските друштва не треба да ја сфаќаат задолжителната котација единствено како законска обврска, туку и како бенефит за целокупното работење. „Во услови кога, инвеститорите се исплашени и претпазливи, и компаниите мора сами да се промовираат и да се наметнуваат пред инвеститорската јавност има ли подобар начин за тоа од навремено и точно објавување на финансиски извештаи кои даваат слика за целокупното работење на друштвото. Интегритетот на едно друштво значи и чесно работење, но и целосност во известувањето“ рече Чингароска. Сепак, компаниите кои во дадениот рок нема да поднесат барање за котација, ќе бидат казнети со парична казна од 4000 до 5000 евра, односно од 1000 до 2000 евра за раководните лица. Како организатори на денешната работилница на кој беше промовиран и прирачник за компаниите, се јавуваат Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светска банка, СЕКО-Секретаријат за економски прашања на Швајцарија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори на Македонија.Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




