РОМАНИЈА БЕСНЕЕ: Оставката на Понта не ги смири демонстрантите
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2015 09:40
Оставката на премиерот на Романија, Виктор Понта не ги смири целосно демонстрантите во Романија. Нивниот број вчера вечерта беше речиси на половина во споредба со претходните денови - околу 7.000 лица.
Вчера попладне претседателот Клаус Јоханис го назначи за министер за образование Сорин Кампеану за привремен премиер. Претседателот изјавил дека има намера да ги покани не само политичките сили во земјата, туку и претставници на граѓански организации и на демонстрантите во преговорите за составување на нова влада.
Причина за масовните протести во земјата е инцидентот во ноќен клуб во главниот град Букурешт, каде што загинаа 32 лица, а над 200 се повредени. Многу од нив се'уште се во тешка состојба.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




