Романија и порача на Франција: Извезуваме коњско и магарешко месо, ама со точна декларација
Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2013 19:37
Само лани Романија има произведено 6300 тони месо од коњи, магариња и мулиња кои биле наменети за извоз во европските држави.Како што објавија претставниците на романската Агенција за безбедност на храна, целото месо било здраво и означено со точна декларација.
Романските претставници наведоа дека 97 отсто од месото кое излегува од 35 лиценцирани кланици во државата, било за извоз во Франција, Холандија, Бугарија, Италија, Полска, Германија, Белгија и Грција.
Од друга страна пак, француските власти обвинуваат дека романски кланици и холандски и кипарски трговци се дел од мрежа за доставување при што коњско месо било испорачано како говедско.По скандалот со коњското месо, етикетирано како говедско, супермаркетите во Европа почнаа да ја повлекуваат замрзната храна. Ротацискиот претседател со ЕУ, Ирска за утре свика во Брисел вонредна седница на ресорните министри за да бидат разгледани неопходните мерки на европско ниво.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





