Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, добитник на Рациновото признание за 2025 година
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2025 15:46
Романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ (Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации), кој излезе од печат во март оваа година и чијашто промоција го отвори второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, е годинашниот добитник на наградата Рациново признание, што ја доделува општината Велес во рамките на манифестацијата Рацинови средби. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи на 12 јуни (четврток), на отворањето на 62. издание на Рациновите средби во Велес.
„Три Марии“ е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело. Романот содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните животи поради грешна љубов. Своја или туѓа.
Иако станува збор за современ роман од нашево време и од нашиов микропростор (Скопје), во него има етнообичаи од североисточна Македонија: китење младоженец со пари, погребување мртовец со кукла... како и свадбарско „мавиле“ од велешкиот крај. Фолклористичките обичаи, верувањата и суеверијата, црните судбини, фатуми и карасевди се мотиви што во извесна смисла го „оправдуваат“ поднасловот роман-басма.
На корицата на романот е употребен детаљ од сликата „Бош“ од Славко Јаневски, а дизајнот е дело на Марко Трпески.
Оливера Ќорвезироска (1965, Куманово) е авторка на следните книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија); „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница); „Отвораат ли сништата работа“, „Еден Текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика); „Заклученото тело на Лу“, „Аб’т“ и „Три Марии“ (романи за возрасни); „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни). Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик.
Ќорвезироска е повеќекратен добитник на значајни награди за расказ во Македонија, а за „(С)плетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР Објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ





