20 Декември, 2025
0.1485

Романскиот премиер Виктор Понта го „преживеа“ гласањето за негова недоверба

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2015 16:54

Добивај вести на Viber

Романскиот премиер Виктор Понта го „преживеа“ гласањето за недоверба во парламентот. Ова е негово прво големо искушение, откако стана првиот актуелен премиер, кој застанува пред судот под обвинение за корупција.

Пратениците од трите партии во владејачката коалиција на Понта гласаа со „воздржани“ и така не се собраа 275-те гласови, потребни за соборување на премиерот од власт.

За гласале 207 пратеници, а 8 биле против. Опозицијата во лицето на либералите се надеваше дека ќе ги привлече отцепниците од владејачките партии за соборувањето на Понта, но тоа не се случи.

Понта на неколку пати ги отфрли повиците да поднесе оставка и вети дека ќе го истера докрај својот мандат, кој истекува на крајот на 2016-та година. Неуспехот за недоверба значи дека сега Понта е слободен да ја реализира програмата за намалување на даноците и кревање на платите во јавниот сектор, забележуваат агенциите.

Понта ги негира обвинувањата за перење пари, даночно затајување и фалсификување на документи од периодот 2007-2011 година, кога работел како адвокат.

По гласањето во парламентот Понта изјавил дека го поддржува склучувањето на нов превентивен договор со ММФ, но ќе се консултира и со другите политички партии.

„Нов договор со ММФ, за нов заштитен договор ќе треба да се дискутира со сите политички партии“, додал Понта.

„Ако ме прашувате мене, јас би рекол дека еден договор со меѓународните институции би бил прилично добар за Романија“, изјавил Понта.

Претходно денеска министерот за финансии Еуджен Теодорович изјавил дека Букурешт ќе го замоли ММФ за нов договор за помош оваа година. „Несомнено ќе побараме официјално со ММФ оваа година да започнеме преговори за нов кредитен договор“, изјавил Теодорович. „Договорот со ММФ може да го добиеме без учество на ЕК, тоа се различни договори“, додал тој.

Романската економија е поддржана од серија кредитни договори од ММФ и ЕК од крајот на 2009 година и последниот договор кој истече во септември, забележуваат агенциите.

Тој исто така посочи дека буџетскиот дефицит во 2016 година се планира да биде 2,1 проценти од БДП, ако планираните зголемувања на платите во јавниот сектор не се сметаат. Во секој случај ќе биде разгледан, дефицитот кој суште ќе биде под 3 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација