Добивај вести на Viber
Полни усти предизборни ветувања за Ромите, а во реалност ништо- вака активистката Љатифе Шиковска од Невладината ромска организација “Амбрела” ја опишува состојбата и положбата на Ромите во земјава. Политичарите вели за нив и нивните реални проблеми најчесто се сеќаваат пред избори, кога им е потребен секој глас. Но потоа ги забораваат. Дополнително вели се прави многу малку и на институционално ниво, па оттука сеуште најголемиот број на невработени и корисници на социјална помош се од оваа етничка заедница.
Шиковска очекува и сега да се случи истото. Во предизборие вели почнува раздвижување во трката за гласови. Па ветувањата, може да почнат!
“Политичките партии треба да сватат и разберат дека Ромите во РМ се реалност, да престанат да ги злоупотребуваат за време на изборите, да ветуваат се и сешто за потоа целосно да ги заборават, како што тоа го прават години наназад. Ромите заслужуваат подобар живот и еднаков третман и однос, да ги уживаат правата и бенифитот како и другите. Нашите сограѓани да престанат со стереотипи предрасуди кон Ромите. Потребно ни е разбирње и поддршка од сите релевантни фактори во земјава, да не заборават дека Ромите се едни од најлојалните граѓани на РМ, и затоа не треба постојано да се дискриминираат и омаловажуваат-вели Шиковска.
Вработувањето според неа е најголемиот проблем за кој се потребни итни и системски решенија бидејќи недоволно се почитува принципот на правична застапеност. Според последните податоци на Агенцијата за вработување заклучно со Јануари 2016-та, од вкупно 116 601 невработени, 5 920 се Роми, а од нив 2128 се жени Ромки.
Најголема дискриминација според Шиковска, има кај жената Ромка која покрај со егзистенцијалните се соочува и со здравствени бариери за добивање на основна здравствена заштита. Па така и во 21 век околу 8000 Ромки во најголемата ромска општина, Шуто оризари сеуште немаат гинеколог, поради што мора да одат 5-8 километри до најблискиот гинеколог, како и на постоење практиката од страна на некои од матичните гинеколози на наплаќање за услуги што се бесплатни за жените. Дополнителен проблем, според невладините е ниското ниво на искористеност на буџетските средства наменети за унапредување на здравјето на Ромите. За илустрација, преку бројките на невладиниот сектор, во периодот од 2005 до 2011 година за унапредување на здравјето на Ромите Владата потрошила само 59.786 евра, што претставува само 1,4% од вкупно потребните и планирани 4.270.456 евра.
“Најголем проблем во моментот со кој се соочуваат жените Ромки е немање на гинеколошка ординација во општина Шуто Оризари, околу 8.000 илјади жени мака мачат како да дојдат до матичен лекар. Иако ние заедно со НВО организациите инициравме многу активности за да предочиме и укажеме на Министерството за здравство дека состојбата е алармантна и бараме веднаш и сега гинеколог во нашата општина. Но засега сеуште немаме одговор од Министерството иако ни беше кажано дека е отворен конкурс и дека ќе се даде и субвенција како мотивација за идниот лекар гинеколог, но засега состојбата е статус кво. Но ние ќе бидеме упорни се додека не се реши овој горлив проблем со кој е засегната жената РомкаЖената Ромка воопшто не е видлива во општеството, особено за нашата државата. Таа е исклучена од општествениот живот, ниту е свесна што се се случува во однос на актуелните политички случувања, бидејки е секојдневно окупирана како да преживее нејзиното семејство, води борба за егзистенција, одејки низ Скопските улици со потесното семејство да собира секундарни материи (пластични шишиња, старо железо и картони). Невработеност е исто голем проблем (најголем број на Ромски семејства живееат од социјална парична помош која во просек изнесува од 2.500 до 3.000 ден. , се повеке жени се без сопствен имот и сопствен дом, живеат во импровизирани и напуштени згради во близина на Скопје. Често е дискриминирана од одредени здравствени институции, и други институции”- објаснува Шиковска од НВО “Амбрела”.
Таа очекува да се направат конкретни програми и мерки наменети само за Ромите, во сите приоритетни област, бидејќи како што вели со години наназад ништо не се прави во однос на отварање и решавање на Ромското прашање.
“Едноставно Ромите имаме перцепција дека нашата држава води бинационална политика важни се само за Албанците и Македонците. Нашата држава треба да се грижи и да сноси одговорност за сите граѓани па и за Ромите, бидејки и ние плакаме даноци и придонеси во државниот буџет каде се трошат парите и за кои намени. Системски решенија под итно, затоа што навистина животот на Ромите е се потежок, живеат на работ на егзистенција и во голема сиромаштија, но кому му е гајле.Факт е дека најголемата невработенос во РМ е токму кај Ромите. Статистичките податоци преку АВРМ и многуте истражувања и анализи го кажуваат истото. Најголем број на Роми во однос на не ромите се приматели и корисници на социјална парична помош”-потенција Шиковска.
Поради дискриминација направена врз Ромите, Уставниот суд укина одредби од Законот за патни исправи. Во постапката за оценување на законот, Судот оцени дека со спречување на граѓаните да ја напуштат државата е прекршено нивното уставно право на слободно движење, кое е гарантирано и во меѓународните договори. Дискриминацијата врз Ромите беше нотирана и во Извештајот на Народниот правобранител.
С.Б.