Ромпуј: Решавањето на проблемите на Кипар е клучно за стабилноста на еврозоната
Објавено во: Свет 15 Март, 2013 09:39
Справувањето со финансиските проблеми во Кипар е клучно за деликатната стабилност на еврозоната, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, засилувајќи ги шпекулациите дека се очекува спогодба за спасувачката помош за островот, пренесе ДПА.
-Во последните денови не преземаме ризици со финансиската стабилност, туку се занимаваме со тешки прашања, како Кипар на пример, за да ја зачуваме оваа финансиска стабилност во нашите земји членки и на ниво на еврозона, посочи Ромпуј по разговорите во Брисел со лидерите од ЕУ, во текот на првиот дел од самитот.
Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа, пак, даде резервирана изјава пред денешната средба на Еврогрупата за разгледување на ситуацијата во Кипар. Таа забележа дека „се посакуваат брзи дебати“, но и дека е важно, исто така, прашањата да се решаваат на разумен начин.
Меркел додаде дека не би можела да прогнозира каков напредок ќе постигнат министрите за финансии од еврозоната на вечерашната вонредна средба.
Дипломати изјавија дека очекуваат на овие разговори да се постигне спогодба за финансиски спас на Кипар.
Луксембуршкиот премиер и поранешен претседател на Еврогрупата Жан-Клод Јункер посака вечерашното заседание на министрите од еврозоната да даде можност за завршување на планот за Кипар.
На заседанието на Еврогрупата не треба само да се работи за напредокот за прашањето со Кипар, туку и да се најде решение, посочи Јункер по првиот ден од средбата на врвот.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




