17 Декември, 2025
0.0404

Роуд шоу и во Хамбург, уште германски инвестиции во Македонија?

Објавено во: Економија 09 Јули, 2013 18:48

Добивај вести на Viber

Македонската владина делегација денеска во Хамбург се сретна со германските бизнисмени каде беа презентирани инвестициските можности што земјава ги нуди за странските инвеститори.

Како што истакна потпретседателот на Хамбуршката стопанска комора Јенс Петер Брајтенгрос, Геманците треба да ги искористат можностите за инвестирање во Македонија.

„Вложени се огромни напори во инфраструктурата, да се генерира економски развој и да се привлечат странски инвестиции. Како резултат на добрата монетарна политика и врзувањето на вашата валута со еврото, економскиот раст повторно се зголеми за околу 3 проценти во 2010 и 2011 година“, изјави Брајтенгрос.

На бизнис форумот со претставниците на фармацевската индустрија, градежништвото, прехранбената индустрија и енергетиката во Хамбург присуствуваа македонскиот премиер Никола Груевски кој допатува од Литванија, како и вицепремиерот Владимир Пешевски кој вчера ловеше француски инвеститори во Париз.

За Груевски, германските инвеститори имаат добри искуства при инвестирањето во Македонија.

„Искуствата од инвестициите на „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекслмајер“, се исклучително поволни, а нивните бизнис планови се насочени кон проширување на нивните капацитети што е доказ за поволната бизнис клима која Владата ја создава на планот на инвестициските можности”, рече Груевски.

Груевски уште еднаш повтори дека Македонија е рај за инвестититорите, додека вицепремиерот Пешевски се осврна на реформите за намалување на процедурите за водење на бизнис и инвестициите во образованието со кои се создава образована работна сила.

Пешевски истакна дека се намалени  административните процедури за водење бизнис, што треба да биде добар показател зе странските инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија