15 Декември, 2025
0.0935

РУБИО: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2025 15:37

Добивај вести на Viber

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа. 

Ова го соопшти по разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Ријад, во Саудиска Арабија, во кои учествуваше и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој додаде дека никој нема да биде игнориран, а Европската унија ќе биде вклучена во преговорите во некоја фаза.

„Сите кои се вмешани во конфликтот во Украина треба да бидат согласни за одлуката за негово прекинување. Целта на преговорите за ставање крај на војната во Украина е да се постигне праведен, траен и одржлив мир“, вели Рубио.

Тој информираше дека во Ријад е постигнат договор со Москва во четири области.

Украинските власти веќе соопштија дека нема да прифатат договор кој се носи без нивно учество. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Американскиот претседател Доналд Трамп сака брзо да ја заврши војната, затоа што како што рече, загинале голем број луѓе и ако тоа продолжи ќе биде многу лошо.  

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете