Рударите од Злетово и Тораница ќе ги добијат заостанатите плати
Објавено во: Економија 04 Август, 2016 13:37
Рударите од рудниците Злетово и Тораница деновиве ќе ги добијат трите заостанати плати од претходната стечајна постапка.
Овие плати на рударите не им беа исплатени од претходните сопственици.
„Од продажбата од имотот на двата рудници првенство на наплата ќе имаат овие рудари“ - кажа заменик министерот за економија, Христијан Делев.
Во наредниот период од стечајната маса ќе бидат исплатени и останатите доверители.
Бугарската фирма „Минстрој“ веќе станаа и официјално сопственик на двата рудници. Од компанијата аплицирале за сите потребни дозволи од Министерство за економија и од Министерство за животна средина.
Ангажирани се околу 160 луѓе во двата рудници кои работат интензивно на подготовките за рестартирање на рудниците. Двата рудници долго време беа запуштени и затоа ќе биде потребно време за да се доведат до ниво на безбедност. Месецов се очекува да почне процесот на производство во рудникот Злетово, а потоа и во рудникот Тораница.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




