Рудници Бањани работи со загуба во првите шест месеци од 2025 година
Објавено во: Економија 21 Август, 2025 08:10
Акционерското друштво „Рудници Бањани“ работи со загуби во првата половина од 2025 година. Според извештајот, акционерското друштво е во минус од 88 илјади евра, кога станува збор за сеопфатната загуба, а оперативната загуба, покажува минус од 89,5 илјади евра - со разлика од 1.500 евра.
Оперативните приходи, во првите шест месеци од годинава се помали отколку во истиот период лани за над 100 илјади евра - Ако во 2024 година имале оперативни приходи од безмалку 588 илјади евра, во 2025 година, тие изнесуваат 243 илјади евра.
Расходите пак, споредбено со лани се поголеми за 35 илјади евра - Во првата половина од минатата година изнесувале 580 илјади евра, а годинава 545 илјади евра, повеќе отколку што акционерското друштво има приходи. Пораст има во трошоци за вработените, но и во материјалните трошоци, како и за ставката „останати расходи од работењето“.
Друштвото купи и 173 свои акции, по цена од 603 денари по акција, односно за вкупно 1.700 евра. Со ова, друштвото сега има 9,44 проценти од основната главнина на друштвото.
„Рудници Бањани АД Скопје објавува дека согласно Одликата за стекнување на сопствени акции 0201-166/7 донесена на Годишното собрание на акционери на ден 14.04.2025 година, изврши откуп на 173 акции преку Македонска берза на ден 15.08.2025 година по цена од 603,00 денари по акција. Со извршениот откуп моменталната состојба на вкупно откупените сопствени акции изнесува 6185, што претставува 9,44% од основната главнина на друштвото“, соопштија од „Рудници Бањани“.
„Рудници Бањани“ е друштво кое се занимава со производство и продажба на варовник, а според последните информации, има 36 вработени.
Александар Тодески* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





