19 Декември, 2025
0.0387

Рудниците и дефинитивно во раце на „Минстрој“

Објавено во: Економија 07 Април, 2016 07:37

Добивај вести на Viber

Владата и официјално го потпиша договорот за концесија на рудниците Тораница и Злетово со бугарската компанија Минстрој, а жалбите на двете елеминирани компании се отфрлени. Од британската компанија Минеко ни потврдија дека го добиле решението од второстепената Комисија дека нивната жалба е одбиена. Тие остануваат на ставот дека незаконски се елиминирани од учество на аукцијата. -Решението го добивме вчера и истото гласи дека жалбата е одбиена како неоснована. Во моментов се анализира решението и аргументите и кога ќе имаме сознание ќе излеземе со став, изјави за Фактор Александар Билбилов, директор на македонската филијала на Групацијата „Минеко Обоени Метали” Дооел. Претходно до Комисијата за спроведување на постапката при доделувањето концесија жалба поднесе и српската компанија „Металфер” која е една од елиминираните во тендерот. Од компанијата изјавија дека целата тендерска постапка е сомителна и треба да се испита по кој основ е направена елиминацијата. Заменик-министерот за економија Христијан Делев тврди дека целата тендерска постпака била транспарентна и спроведена во согласност со законите, а елиминацијата на двете компаниии е основана. Делев изјави дека Минеко доставила извештај во кој со години прикажувала загуба, додека Металфер сами изготвиле ревизорски извештај наместо од независна ревизорска куќа како што се барало во тендерската документација, и затоа не им било дозволено да учествуваат на електронската аукција.На тендерот се пријавиле 30-тина компании, пет доставиле конкретни поднуди, но потоа специјалната комисија по евалуацијата на понудите утврдила дека само три имаат валидна документација за учество на аукцијата. Највисока понуда доставила  „Минстрој“. „Минеко“ и „Металфер“ биле исфрлени од игра поради нецелосна документација и поради тоа не биле дел од електонската аукција. „Злетово со производство ќе почне следниот месец Рудникиот Злетово со производство ќе почне кон средината на мај, а во „Тораница“ неколку месеци подоцна. Сопственикот на „Минстрој“ Николај Влканов изјави дека ќе ги задржи на работа  сите 1.000 вработени во двата рудника и дека ќе им ги надомести заостанатите плати. -Минстрој е една од големи европски компании специјализирана за олово и цинк и ние ги имаме сите рудници за олово и цинк во Бугарија, кои се слични на овие со што имаме големо искуство, голем потенцијал и во нашата компанија работат над 2.500 луѓе. Во месец мај ќе започне со работа и ќе ја имаме првата руда. Има претстава што треба да се направи, каква техника и каква опрема треба да се купи и повторувам дека ќе направам 10 милиони евра инвестиција во двата рудника,изјави Влканов. Вицепремиерот Владимир Пешевски изјави  „Минстрој“ доставила највисока и најконкретна понуда на јавниот повик за давање под концесија за експлоатација на минерална суровина за двата рудника. – На аукцијата која започна со почетна цена од околу 880.000 евра концесиски надоместок за двата рудника, компанијата „Минстрој“ ја достави највисоката понуда која изнесува речиси два милиони евра и е повисока за 2,5 пати од почетната, изјави Пешевски. Со рудниците претходно стопанисуваше индиската компанија „Индоминерали”, но лани Министерството за економија еднострано го раскина договорот за концесија за експлоатица на руда со „Индоминерали”, поради неплаќање концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини. Потоа рудницте отидоа во стечај.во меѓувреме рударите неколку пати штрајкуваа поради неисплатени плати и лоши услови за работа. Т.С

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар