Русија била подготвена да разговара за помош на Грција
Објавено во: Балкан, Економија 19 Јуни, 2015 13:47
Русија е подготвена да се разгледа прашањето за финансиска помош на Грција, изјавил денеска рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович, цитиран од агенциите.
„Ќе го поддржиме секое решение за решавање на грчката должничка криза, што ќе биде предложено од Грција и нашите европски партнери. На прво место за нас се инвестициските проекти и трговијата со Грција. Ако е потребна финансиска поддршка, ќе го разгледаме и ова прашање“, изјавил вицепремиерот.
Според Кремљ сепак е премногу рано да се дискутира за руско учество во решавањето на должничките проблеми на Грција, додека во Атина не дојде соодветната иницијатива, посочил Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Пред тоа министерот за финансии Сергеј Сторчак прецизирал дека Грција не побарала од руското Министерство за финансии барање за финансиска помош. Во рускиот буџет нема ресурси за таа цел, додал тој.
Многу европски земји сакаат санкциите против Русија да бидат откажани што е можно побрзо и Грција е меѓу нив, додал Дворкович.
„Овие земји размислуваат за бизнисот, за сопствената економија, а не за политика. Уверени сме дека тоа е контруктивен пристап“, истакнал тој.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




