01 Јули, 2024
0.0254

Русија е во рецесија

Објавено во: Свет 14 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ниските цени на нафтата за една држава која својата економска политика во голем дел ја темели на таа енергетска суровина го покажаа убиственото влијание врз неа. Русија е влезена во рецесија. Не дека од цените на нафтата немаат маки и други држави нејзини извозници, но кај Русија тоа драстично се чувствува. Таа и во ова кризно време го зголемува извозот на сурова нафта, но тоа е бесполезно. А што ќе се случува допрва, по симнувањето на санкциите врз Иран, кога сите предвидуваат уште поголем пад на нејзината цена, со оглед на тоа што и Иран ќе излезе на пазарот со нафта.

Се чини дека заврши ерата на економскиот подем на Русија водена од Владимир Путин. За прв пат во 15 години од неговото владеење реалните доходи на населението паѓаат, како и економијата на земјата, која се соочува со големи пречки. Бројките со кои се покажуваше економскиот раст на Русија и други економски параметри до минатата година, кои навистина беа импресивни, кога ќе се споредеа со податоците пред доаѓањето на Путин на чело на државата, сега се немилосрдни. Обезвреднувањето на рубљата предизвикано од ниските цени на нафтата и санкциите си го сторија своето.

Руското статистичко биро(Росстат) во понедлникот соопшти дека во вториот квартал падот на БДП изнесува 4,6 отсто во споредба со истиот период лани. Во првиот квартал падот беше 2,2 отсто. Овој податок запали црвено светло во Министерствотото за економски развој кое предвидуваше падот да биде 4,4 проценти. Министерот Алексиј Уљокаев изјави дека ќе мора да се направи ревизија на макроекономските прогнози. Според него „Најверојатно има поводи сериозно да се размисли“. Но, тој очекува дека во третиот квартал ќе дојде до подобрување на состојбата, односно на динамиката на БДП. Овде треба да се потсети дека пред само две недели тој изјавуваше дека „руската економија ја минува најниската точка по што ќе следи обновување“. Очигледно реалноста го демантира министерот. Инаку прогнозата на неговото министерство за БДП до крајот на годинава е тој да има пад од 2,8 отсто.

Росстат не даде поподробни податоци за БДП во вториот квартал и не може да се види каква е динамиката на руската економија во првото полугодие од годинава. Но ситуацијата не е розова. Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин во јули изјави дека економски раст Русија може да се очекува на почетокот или во вториот квартал од наредната година.

Кон крајот на мај и Меѓународниот монетарен фонд излезе со показатели за движењето на руската економија. Според оценките на експертите на ММФ падот на руската економија годинава ќе биде, не 2,8 како што сметаат Русите, туку 3,4 отсто. Првобитната прогноза на ММФ беше 3,8 отсто. И според ММФ, Русија може да очекува излез од рецесијата во идната година и растот би изнесувал 0,2 насто, иако претходно се прогнозираше пад од 1,1 отсто. Причините за падот или за малиот раст на БДП, според ММФ, лежат во влошувањето на внатрешната потрошувачка, предизвикано од падот на реалните плати, високата цена на капиталот и намалената доверба на инвеститорите. Кон ова се додаваат и нејаснотиите со цената на нафтата и геополитичките ризици.

Како и секаде, ММФ и дава препораки и на Русија, кои, горе-долу, се исти како и за други земји. Во прв ред, да се корегира буџетот и некои буџетски правила, кои се планираат поаѓајќи од цената на нафтата.Потоа да се направи пензиска реформа, да се намалат субсидиите на енергетските тарифи, читај - да се зголемат цените на струјата и гасот и да се воведе ред во социјалните трансфери. Се бараат конкретни реформи кои би вклучиле и заштита на правата на сопственоста, намалување на царинските бариери и отстранување на пречките за влегување на нови учесници во некои гранки и пазари.

Некои економисти сметаат дека поради новиот пад на цената на нафтата рубљата и натаму ќе паѓа, а тоа значи дека ќе нема шанси за брзо обновување на економијата. А тенденциите се токму такви, наспроти тврдењата на министерот Уљокаев дека не се очекуваат сериозни колебања на девизниот пазар, туку дека платежниот биланс ќе биде во целосна рамнотежа.

Колку за потврда на неговите нереални очекувања можат да се видат курсевите на рубљата во односо на еврото и доларот пред три недели и вчера. Во петокот на 24 јули вредноста на еден долар  беше 59,87 рубљи. Еврото пак вредеше малку над 66 рубљи. Вчера доларот вредеше речиси 65, а еврото малку над 72 рубљи. Цената на нафтата и натаму паѓа.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна