19 Декември, 2025
0.0840

Русија го урива советскиот рекорд во производството на нафта?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2016 12:10

Добивај вести на Viber

До 2018 Русија би можела да произведува околу 11,65 милиони барели и така да го собори советскиот рекорд од пред 30 години.

Тогаш имено, дневно се произведувало 11,42 милиони барели нафта (1987 година) објави Блумберг.

Според прогнозите на аналитичарите на Голдман Сакс Групата „производството на нафта ќе расте во наредните три години и ќе се зголеми за додатни 590 илјади барели, што вкупно ќе изнесува 11,65 милиони барели дневно“.

„Ние и понатаму позитивно го оценуваме секторот за производство на нафта во Русија“, вели раководителот на аналитичката група Голдман Сакс Гејдар Мамедов, додавајќи дека „руските нафтени корпорации, во моменталните услови, спаѓаат во мал број корпорации кои можат со сигурност да ги реализираат зацртаните цели и без проблеми да ги исплатуваат дивидендите“.

Аналитичарите на Голдман Сакс нагласиле и дека „ОПЕК не успеа да го усвои планот за ограничување на понудата на нафта на пазарот, па паралелно на тоа, Русија, како најголем светски извозник, во април годинава најави зголемување на својот извоз. Тоа, значи, дека Роснјефт ќе го зголеми производството, посебно кога се земе обзир развојот на нови наоѓалишта во Сибир“.

Како што сметаат во компанијата Голдман Сакс, во 2016 година производството на нафта во Русија ќе изнесува 11,21 милиони барели дневно. Максималниот руски показател бил 11,06 милиони барели . А во 2017 производството на нафта во РФ може да достигне 11,47 милиони барели дневно.

Меѓутоа, како што пишува Блумберг, во Меѓународната агенција за енергетика сметаат дека 2018 година нивото на производство на нафта во Русија, напротив, ќе падне на 10,94 милиони барели дневно.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар