18 Декември, 2025
0.0472

Русија и Кина ќе прават своја кредитна агенција наспроти „големата тројка“ од Запад

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2015 11:40

Добивај вести на Viber

Русија и Кина ќе формираат нова агенција за меѓународен кредитен рејтинг „Универзал кредит рејтинг груп“, која ќе биде конкуренција на западните агенции. „Воспоставувањето на ваква агенција е во последна фаза и подготвена е за предизвикот од западните и американските агенции кои во моментов доминираат“, најави управниот директор на „РусРејтинг“, Александар Овчиников. Првите оценки на новата агенција ќе се појават во 2015 година, а информациите ќе се дефинираат во седиштето во Хонг Конг. Аналитичарите истакнуваат дека агенцијата е креирана како реакција на банкрот инвестициските фондови на САД, кои претходно, во 2007 година од три западни кредитни агенции добиле „неразумно високи кредитни рејтинзи“. Голем број американски обврзници во 2008 година имале оценка ААА- што е и највисока можна оценка со што вложувањето во нив се оценува како безбедно. Веднаш потоа било откриено дека станува збор за т.н. „балони“. Грешната проценка била обелоденета по кризата на второкласни хипотекарни кредити. Русите и Кинезите сметаат дека западните агенции за проценка на кредитниот рејтинг во своето работење често мешаат и политика. Веста за формирањето нова агенција се појави откако агенцијата „Фич“ одлучи да го симне рускиот рејтинг на ниво БББ или малку над „ѓубре“, во групата со Индија и Турција. И другите западни агенции го направиле истиот чекор откако полуостровот Крим одлучи да се припои кон Русија. Москва тогаш го критикуваше „политички мотивираното спуштање на кредитниот рејтинг на земјата“.  

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил