01 Јули, 2024
0.0257

Русија и НАТО тренирале за војна меѓу себе

Објавено во: Свет 12 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Русија и НАТО одржуваат големи воени вежби преку кои се подготвуваат за војна меѓу себе. Тоа го тврдат во извештаите аналитичарите од „Јуропиан лидершип нетворк“, меѓу кои се десетина поранешни генерали, воени и одбранбени министри од различни земји. Тие сметаат дека поранешната војна на зборови помеѓу Русија и Западот по почетокот на конфликтот во Украина се претвора во воено планирање.

„Не тврдиме дека маневрите ќе доведат до војна, но сигурно влијаат за одржување на тензиите во Европа“, се вели во извештајот со наслов „Подготовка за најлошото: Дали воените вежби на Русија и НАТО војната во Европа повеќе веројатна?“. Во него се наведува дека и Русија и НАТО тврдат дека тренираат за борба со хипотетички противник, но реално покажуваат подготвеност за вистинска војна помеѓу себе. Се дава за пример мартовските подготовки на Москва со 80 000 војници, 12 000 копнени возила и 220 авиони до границите на балтичките земји. Како и на НАТО во јуни, кој покажа мускули во Источна Европа со 15 000 војници.

Од авторитетната невладина организација „Јуропиан лидершип нетворк“ препорачуваат Русија и НАТО да го подобрат дијалогот во планирањето на вежбите и да ги анализираат добрите и лошите страни. „Ако едната од двете страни побара да ги намали тензиите и да покаже воздржаност, тоа ќе биде добар почеток“, велат експертите.

„Воените вежби на НАТО се цел за зголемување на опасноста од војна“, изјавиле вчера од Алијансата по повод извештајот.

Во исто време воените новинари истакнале дека во руските тренинзи на морската авијација во Калининградската област со авиони „Ан-26“ имало бомби со натписи „Кон Берлин“ и „За Сталин“. Германскиот весник „Билд“ пишува дека таквите натписи се користеле и во Втората светска војна.

Во исто време ЕУ алармира дека продолжува непочитувањето на договорот од Минск и продолжува размената на оган во источна Украина помеѓу армијата на Киев и проруски сепаратисти. Исто така, се истакнало и дека се зачестени нападите врз луѓе од мисијата на ОБСЕ.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна